• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ на седници на највисоките партиски тела ќе ги потврдува листите за пратеници

ВМРО-ДПМНЕ на седници на највисоките партиски тела ќе ги потврдува листите за пратеници

Скопје, 28 март 2024 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ вечер на седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата ќе ги потврди листите за пратеници за претстојните парламентарни избори, по што, се очекува, тие ќе бидат објавени во јавноста.

Носителите на листите се веќе познати во јавноста. Во ИЕ 1 носител ќе биде лидерот на партијата Христијан Мицкоски, во Втората Владо Мисајловски, во Третата Драган Ковачки, во Четвртата Александар Николовски, во Петата Ѓоргија Сајкоски и во Шестата Дафина Стојановска. 

Според информации на МИА, на листите ќе се најдат најголемиот број од актуелните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. 

ВМРО-ДПМНЕ во недела на 31 март се очекува да одржи конвенција за промоција на кандидатите за пратеници. 

Учесниците на изборите односно политичките партии и коалициите најдоцна до 2 април треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија, која треба да ги потврди. Изборите се на 8 мај. На 24 април ќе се одржат претседателските избори. ев/ац/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан