• петок, 15 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата влада нуди концепт на работа, посветеност и резултати 

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата влада нуди концепт на работа, посветеност и резултати 

Скопје, 23 јуни 2024  

Граѓаните на изборите јасно и недвосмислено дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, на промените и на реформите. Сега е време идната Влада да направи нешто за народот. Сега е време на големи чекори напред.

Идната влада ќе се соочи со девастиран систем, со распад на институциите и катастрофална состојба во економска смисла. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе направи уште поголеми услилби од самиот почеток да покаже дека ќе работи посветено, чесно и одговорно за да се одговори на потребите и барањата на граѓаните.

Оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи разликата со претходната власт на СДС и ДУи уште веднаш. Наместо неуспеси и порази, ќе понуди концепт на економски развој и ресетирање на државата. Следи нова инвестиција од 400 милиони евра, потоа многу капитални инвестиции, инвестиции во информатичката технологија, конкурентен и силен приватен сектор кој ќе работи во поволна и предвидлива економска клима, нови работни места, стабилен економски раст, инфраструктурни проекти  во висина од над 2 милијарди евра во време на мандатот, 1 милијарда евра поддршка за општините, проекти во образованието, здравството и земјоделието. Сите тие дела ќе бидат производ на многу работа и посветеност.

Како држава мора да имаме силни и брзи резултати, за да фатиме чекор со европските стандарди и вредности. Ќе следи бескрупулозна битка со криминалот и корупцијата и никој од тоа нема да биде поштеден.

Македонија мора да се менува на подобро, за да стане земја на просперитет, правда и надеж за сите. Македонија ќе биде повторно горда и за секој еден од граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан