• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС во опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС во опозиција

Скопје, 4 август 2025 

Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС и ДУИ во опозиција. СДС никако да се помири со фактот дека веќе се опозиција и дека не можат да местат матни тендери во енергетиката, од кои длабоко профитираа, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Ако заборавиле, да ги потсетиме, нивниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски е во бегство за сторен милионски криминал, токму од такви матни тендери договорени во четири очи.

СДС се тие коишто ЕСМ го наследиле со 20 милиони евра на сметка, а за седум години, токму поради нивните матни тендери наместени во четири очи, го оставија со минус од 80 милиони.

Договарањата зад затворени врати за лични интереси на СДС и на нив блиските, го доведе енергетскиот сектор до фаза на целосно уништување, додека нивните профитирале милиони.

Додека сега, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи Македонија да ја на направи енергетски независна и земја раскрсница за набавка и транзит на енергенси.

Дел од реализацијата на тој план е и инвестицијата на ветерниот парк на компанијата „Алказар Енерџи“ во вредност од 500 милиони долари, која претставува една од најголемите енергетски инвестиции од независноста.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан