• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е закована на дното со странски инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е закована на дното со странски инвестиции

Скопје, 30 јуни 2021

Македонија со власта на Заев е убедливо на дното по нивото на странски инвестиции во споредба со земјите од регионот тоа се должи на фактот што Македонија е најкорумпирана држава со најкорумпирана власт во Европа според Транспаренси.

Затоа Македонија има 15 пати помалку инвестиции во 2020 година во споредба со Србија, дури и ако се земе предвид тоа што сме 3 пати помали од нашата соседна земја. Двојно повеќе инвестиции, номинално пресметани има и Црна Гора која е три пати помала од Македонија. Пред Македонија за цела 2020 година е и БИХ со 371 милиони евра странски директни инвестиции, а далеку пред нас се Хрватска со 1.3 милијарди евра и Албанија со 1.1 милијарда евра странски директни инвестиции.

Состојбите се исти и во првиот квартал оваа 2021 година. Така во првиот квартал во Македонија влегле само 25, 6 милиони евра странски инвестиции, за разлика од Албанија кај што влегле 229 милиони евра, Црна Гора со 189 милиони евра, Косово со  120 милиони евра, а да не споредуваме со Србија кај што само во првиот квартал влегле речиси 1 милијарда евра странски инвестиции. Тоа значи дека Албанија има скоро 10, Косово 5, а Србија неверојатни скоро 40 пати повеќе инвестиции.

Ова е резултатот на неспособноста на оваа власт на Зоран Заев. Патем да потсетиме дека СДСМ и Заев пред да станат власт фрлаа дрва и камења по индустриските зони и странските инвеститори, за сега тие да бидат единствената светла економска точка која спречува целосен крах поради неодговорната власт на Заев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан