• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска да каже кој во име на власта се заканува на роднини на жртвите кои сведочат за катастрофата во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска да каже кој во име на власта се заканува на роднини на жртвите кои сведочат за катастрофата во Тетово
Скопје, 13 септември 2021
Со внимание го проследивме пресот на Богданка Кузеска, воедно ја повикуваме следната прес конференција наместо како расипана грамафонска плоча да повторува исти тези, да даде одговор на суштинските прашања:
 
Каков е квалитетот на материјалите од кој е изградена болницата во Тетово?
 
Зошто немало противпожарни апарати иако на таков пропуст било и предупредувано?
Зошто роднини на болни се грижеле во болницата за своите блиски, наместо доволен број на медицински школуван кадар?
 
И кој во име на власта се заканува по живот на роднините на жртвите кои сведочат за вистината на катастрофата во Тетово?
 
Моралот го заборавија, да не се заборави кривичната одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_________________________________________________________   МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан