• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Како ќе ја врати правдата Филипче, од јахтата на Заев или од луксузниот апартман во Дубаи!?

ВМРО-ДПМНЕ: Како ќе ја врати правдата Филипче, од јахтата на Заев или од луксузниот апартман во Дубаи!?

Скопје, 6 октомври 2025, (МИА) Иронија и потценување. Меѓу многуте небулози на Филипче кои одамна немаат смисла, и како да си ги кажуваат во затворен круг без да сфатат каква е реалноста и дека народот не им ги прифаќа глупостите повеќе затоа што ги знае.

Една теза денеска му ја вметнале на Филипче во говорот, а е за нијанса од другите поапсурдна и не неа ќе се задржиме затоа што ќе го определи периодот кој следи.

Тој вели: Да ја вратиме правдата.

Како ќе ја врати правдата Филипче? Од јахтата на Зоран Заев, каде беше цело лето, или од луксузниот апартман во Дубаи, каде со Заев го слушаа Харис Џиновиќ, а Филипче ревносно  како третоодделенец, титов пионер кога ќе го видеше Тито, го снимаше со мобилен својот шеф како зборува со Харис Џиновиќ и му нарачува песни.

Толку од одговорот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан