• недела, 21 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди денеска ќе ги продолжат разговорите за состав на нова влада. Оттаму ја потврдуваат средбата, но нема официјална информација за што ќе се разговара денеска и каде. 

Од ВМРО-ДПМНЕ за МИА посочуваат дека има тековни разговори на ниво на работни групи и оти ќе известат за каков било евентуален договор. 

Правата официјална средба помеѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се одржа во саботата на 14 мај. Тогаш беше соопштено дека нивната соработка ќе се базира на три постулати - евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

-

На средбата во саботата присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиските потпретседатели и лидерите од партиите во Коалицијата „Влен“ - Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши. 

Од коалицијата „Влен“ по средбата оценија дека преговорите се одвиваат во позитивна и вистинска насока. 

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоено најмногу пратенички мандати, 58, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, 18, Коалицијата ВЛЕН, 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати. ев/лв/

 

Остани поврзан