• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да проверат дали Државната лотарија влегла во партнерство со било која фирма на Васил Божков

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да проверат дали Државната лотарија влегла во партнерство со било која фирма на Васил Божков

Скопје, 2 октомври 2023

Владата на ДУИ и СДС, Ковачевски и Артан Груби, како потписник на документот за Државната Лотарија, државната компанија Државна Лотарија водена од шефот на кабинет на Артан Груби, Перпарим Бајрами, се должни во најкус рок да соопштат дали имаат ветување, намера, или веќе имаат договор за внесување на Македонија во партнерски однос со Васил Божков или било кој од неговите фирми за игри на среќа, онлајн коцкање, обложување во Бугарија и дали тоа почитувани треба да се покрие со огласот на Државната Лотарија?

Ова  почитувани е многу важно бидејќи бугарскиот коцкарски могул и мафијашки олигарх, Васил Божков и неговите фирми од 2021 година се наоѓаат на црната листа на санкции на американскиот департмент за финансии, согласно листата со актот Магнитски против криминал, корупција, ширење на руски влијанија. Тоа подразбира економски и трговски санкции за компании и лица, листа која ја следат и по која што се водат банките и државите во светот.

Ова е извадок од ОФАК, одделот за контрола на имот при американскиот департмент, каде стои листата на која што е наведен и Васил Кроумов Божков, во латинична транскрипција со Ј наместо Ж, но и со ЗХ наместо Ж, наведено како алијас, исто како што стои и „Черепот“. Под неговото име се наведени и компаниите, и причината зошто е ставен на оваа листа.
Ова е таа информација за медиумите од американскиот департмент за финансии. Тука стои дека тој подмитувал министри и официјални лица во Бугарија, меѓу кои и оние коишто издаваат дозволи за игри на среќа, влијаел да се донесат одлуки во негова полза. Ќе потенцирам уште еднаш, подмитувал да се донесат дозволи и закони во негова полза.

ОФАК на листата и под санкции ги става и 58 фирми кои ги поседува или контролира Божков!
Тука доминираат имиња на фирми со основа и варијации на името ВАБО, па варијации на имиња со НОВЕ, па ЕУРО или ЕВРОБЕТ и низа други, во зависност од тоа како добиваат или се откажуваат од лиценци, се отвораат или се затвораат.Од тука, работењето со него, со луѓе кои што се поврзуваат со него, со неговите фирми, се смета за работење спротивно на американските интереси, спротивно на справувањето со корупцијата, спротивно на борбата со мафијашкото и сомруското влијание.

И од тука, од исклучителна важност е да се знае, дали државната Лотарија, по одобрението од Артан Груби, влегла во партнерство со било која фирма на Божков или се доведува во врска со него? Исто така, би посочил на институциите во Македонија, сериозно да се зафатат со овој случај, бидејќи било каков договор, таен, потпишан или само договорен, на Државната лотарија со лице или фирма на црната листа на САД е работа спротивна на интересите на Македонија.

Уште повеќе, мора да се провери, дали инсистирањето на ДУИ, на Артан Груби и на неговиот довчерашен шеф на кабинет сега директор на државната лотарија за нови лиценци и на влез на странска фирма во бизнисот во Македонија, законски, амандмански или со владина одлука, има некаква врска со досегашните делувања на Божков со корупција и давање пари за носење на закони и лиценци во негова корист во Бугарија? Како да не е доволно што Македонија се дави во сиромаштија, а Груби и Владата на Ковачевски потпишуваат лиценци за коцкање.  Со потпис на Груби, мафијаш од црната листа на САД  бизнис партнер на Македонија. Недостасува само уште на листата да се додаде и дека соработува со фирми на црната листа на САД и работење спротивно на интересите на стратешкиот партнер на Македонија, со отворена можност за корупција.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, интегрален текст од прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан