ВМРО-ДПМНЕ: Во овие моменти на голема загуба нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите
- Со длабока тага и неизмерна болка ја примивме веста за страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа многу млади животи. Ова е еден од најтажните денови за Македонија.

Скопје, 16 март 2025
Со длабока тага и неизмерна болка ја примивме веста за страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа многу млади животи. Ова е еден од најтажните денови за Македонија.
Во овие моменти на голема загуба, мислите и молитвите на целото членство на ВМРО-ДПМНЕ се со семејствата на загинатите, со нивните најблиски и со сите погодени од оваа катастрофа.
Ова е време кога Македонија мора да биде обединета во сочувство, солидарност и хуманост.
Ги повикуваме сите надлежни институции да дејствуваат брзо и ефикасно, да обезбедат целосна помош за сите настрадани и да ги утврдат причините за оваа трагедија. Губењето на човечки животи никогаш не смее да остане без одговори и одговорност.
Бог да биде со семејствата на жртвите, со повредените и со целиот македонски народ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки