• среда, 27 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да каже за каков хибриден напад обвинува и зошто не бил спречен

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да каже за каков хибриден напад обвинува и зошто не бил спречен
Скопје, 25 јуни 2022  Македонија доживеа тотален дебакл и трајно нарушување на преговарачките позиции со Бугарија заради ненародната и неспособна власт предводена од СДСМ и ДУИ. Владата на СДСМ и ДУИ да каже за каков хибриден напад обвинуваат и зошто истиот не бил спречен. Дали владата на Ковачевски прави дефокус од одговорноста за продажбата на државните интереси? Што точно подразбираат, Османи и Маричиќ под хибриден напад во државата? Доколку навистина имало напад врз државата, доколку како што вели Османи имало хибриден напад мора да има одговорност, бидејќи не било спречено на време и државата била нападната. Додека на Димитар Ковачевски за тоталниот неуспех во преговорите и неуспехот во распродажбата на државните интереси му се виновни експертите и граѓаните, на Бујар Османи и Бојан Маричиќ им е виновен хибридниот напад врз државата. Најголем хибриден напад кој и се случува на државата е токму владата на СДСМ и ДУИ, предводена од Ковачевски. Вчера и Османи и Маричиќ јавно признаа дека ја лажеа целокупната македонска јавност со денови, дека го немале видено и разгледано францускиот предлог. Токму вчера излезе на виделина она кое што денови го потенцираме, дека Ковачевски, Османи и Маричиќ го преговарале и договарале, повеќе од 6 месеци, овој штетен предлог за Македонија, кој на крај и го прифатиле, за подоцна да се повлечат после притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. Целиот план на Ковачевски, Османи и Маричиќ им бил преку блиц криг предлогот веднаш да помине во бугарското Собрание, што е одолговлечено поради оставката на бугарската Влада, а потоа и блиц криг операција за поминување на овој предлог во Македонија, преку креирање на еуфорија за почеток на преговорите. Одговорност за овој целосен дебакл во процесот за преговори со ЕУ мора да има за Бујар Османи и Бојан Маричиќ, одговорност и оставки за оваа трајна штета во преговарачкиот процес. Изборите се единственото решение. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан