• среда, 27 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и Јавното обвинителство да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува

ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и Јавното обвинителство да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува

Скопје, 9 септември 2024 -

Манипулациите се карактеристика за СДС.

Кога ќе се види што Венко Филипче пријавувал како министер, а што како пратеник може да се види дека тој манипулира со голем имот. Или Филипче пријавил поголем имот како пратеник, отколку кога бил министер.

Последниот анкетен лист доставен до Антикорупциска откако стана пратеник покажуваат дека тој поседува имот во вредност од 850 илјади евра.

Филипче како министер за здравство пријавил прво, куќа од 464 метри квадратни изградена во 2017 година во вредност од 27,8 милиони денари, второ, стан од 130 метри квадратни метри во вредност од 7,8 милиони денари добиен како подарок во 2016 година и како трето, уште еден стан во Скопје од 50 метри квадратни кој е резултат на купопродажба во 2010 година.

Филипче како пратеник во 2024 година го пријавува следниот имот.

Прво, стан во Скопје од 12 милиони денари стекнат со наследство во 2016 година. Станот не го пријавил кога бил министер, а го имал.

Второ, стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година вреден 3 милиони денари. И овој стан не е пријавен кога бил министер, а го имал.

Трето, два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година. И овие станови ги нема пријавено додека бил министер, а ги поседувал.

Четврто, стан во Центар од 3 милиони денари стекнат во 2008 година со договор за купопродажба. И овој стан не е пријавен кога бил министер, а бил во негова сопственост.

Нејасно е како имот што го поседувал  кога станал министер или пет стана не ги пријавил во Анкетниот лист до Антикорупциска комисија, а ги пријавил како пратеник.

Оттука се поставуваат низа на дилеми и прашања.

Криел ли Филипче имот, ако имал навика да крие можеби се уште го прави тоа.

Апелираме Државната комисија за спречување на корупција веднаш да ги лоцира податоците за да утврди што се криел Филипче. Апелираме и до јавното обвинителство да испита зошто Флипче не пријавувал имот во анкетниот лист како министер и зошто во анкетниот лист како пратеник се појавува имот кој го имал пред да стане министер, а не го пријавил.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан