• понеделник, 23 декември 2024

Властите назначени од Русија во Крим и Херсонската област известија за украински напади на два моста

Властите назначени од Русија во Крим и Херсонската област известија за украински напади на два моста

Херсон, 6 август 2023 (МИА) - Украинските сили го гранатираа патниот мост Чонгар, кој го поврзува Крим со регионот Херсон и населбата Чонгар, изјави назначениот од Русија шеф на Херсонската област Владимир Салдо, цитиран од британски и руски медиуми.

Според Салдо, мостот Чонгар и населбата биле испукани со проектили „Сторм сенка“, при што биле оштетени мостот и училиште.

Шефот на Крим назначен од Русија, Сергеј Аксјонов, потврди дека мостот е оштетен и појасни дека нема жртви како резултат на нападот.

Салдо и Аксјонов рекоа дека мостот е затворен поради поправки.

Владимир Салдо во „Телеграм“ објави за уште еден напад на мост. Во неговото соопштение се наведува дека е погоден мал мост кој го преминува теснецот Тонки.

-На мостот беае истрелани вкупно 12 проектили, од кои 9 беа соборени од силите за воздушна одбрана, истакна Салдо.

Според очевидци, во нападот едно лице е полесно повредено. На жртвата и била укажана помош.

-Мостот не е од големо воено значење, изјави Салдо. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан