• вторник, 24 декември 2024

Влада: Изминатото деноноќие АД ЕСМ произведе 16.340 мегават часови електрична енергија

Влада: Изминатото деноноќие АД ЕСМ произведе 16.340 мегават часови електрична енергија

Скопје, 15 декември 2022 (МИА) - АД ЕСМ вчера произведе 16.340 мегават часови електрична енергија, со што од домашно производство целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информира Владата.

При тоа, како што нагласуваат, во термоелектраните се произведени 11.576, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.764 мегават часови електрична енергија.

-Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 мегават часови електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, прецизираат од Владата. вј/

Остани поврзан