• сабота, 05 октомври 2024

Владата на БиХ прогласи состојба на елементарна непогода

Владата на БиХ прогласи состојба на елементарна непогода

Сараево, 4 октомври 2024 (МИА) – Владата на БиХ прогласи состојба на природна катастрофа поради поплавите и свлечиштата што погодија дел од Федерацијата Босна и Херцеговина – Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Фојница, Крешево и други места.

Ова денеска го соопшти вицепремиерот Војин Мијатовиќ на вонредна прес-конференција на Владата на ФБиХ во Сараево.

- Имаме 14 жртви, не шпекулирајте за бројот на исчезнати. Во овој момент во загрозените подрачја се работи на проодност и расчистување на патишта, за да можат спасувачките служби да стигнат до настраданите. На денешната вонредна седница задолжени се единиците за спасување на вода на Федералната управа за цивилна заштита, рече тој.

Мијатовиќ информира дека е формиран Кризен штаб кој ќе координира со Федералната управа за цивилна заштита. јт/

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан