• среда, 27 ноември 2024

Владата донесе одлука за покривање на трошоците на радиодифузерите за дигиталниот терестријален мултиплекс за 2021 година

Владата донесе одлука за покривање на трошоците на радиодифузерите за дигиталниот терестријален мултиплекс за 2021 година
Скопје, 9 ноември 2021 (МИА) - Владата на денешната 118-та редовна седница донесе Одлука за исплата на средства на „А1 Македонија“ ДООЕЛ Скопје, како финансиска поддршка на приватниот сектор за ублажување на последиците предизвикани од кризата од Ковид-19. - Со оваа одлука се реализира заклучокот на Владата од 59-та седница одржана на 30 март 2021 година, за исплата на средства од Буџетот на Владата на Република Северна Македонија за реализација на мерка од петтиот сет на антикризни мерки која ги опфаќа сите радиодифузери во земјата за да им се покријат трошоците за 2021 година кон операторот А1 на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување, информира владината прес-служба. сп/

Остани поврзан