• сабота, 23 ноември 2024

Владата даде согласност за префрлање на вишок средства за блок донации на сметката на Општина Куманово

Владата даде согласност за префрлање на вишок средства за блок донации на сметката на Општина Куманово
Скопје, 27 мај 2021 (МИА) - Владата на вечерашната 73-та редовна седница, одржана видеоконференциска врска, го разгледаа Барањето за согласност за префрлање на вишок средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Куманово за 2021 година и даде согласност по Одлуката за одобрување префрлање на вишокот средства. Како што информира владината Прес-служба, Одлуката за одобрување префрлање на вишок на средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Куманово за 2021 година е донесена од Советот на Општина Куманово, со дополнително Известување, за користење на овие средства. Согласно Известувањето, средствата ќе се користат за изградба и реконструкција на мини детски игралишта и училишни игралишта, како и за санација и реконструкција на санитарни јазли и тоалети, санација на кровови, набавка на дигитална опрема и помошно-технички помагала за кабинетска настава и адаптација на кабинети во основни училишта на територијата на Општина Куманово. - Овие одлуки се носат врз основа на член 22 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за користење на вишокот средства од сметките за блок дотации од Буџетот на државата, на барање на општините, се додава во соопштението од владината седница. сп/

Остани поврзан