• понеделник, 23 декември 2024

Владата ги укина економските директори во јавните здравствени установи

Владата ги укина економските директори во јавните здравствени установи

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Согласно измени на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Владата донесе одлука за укинување на економските директори во јавните здравствени установи, информираат попладнево од владината прес-служба.

Како што се појаснува во соопштението, ќе се укине постоењето две управувачки позиции - организациски и медицински директор, што досега беа присутни во здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите.

- На овој начин ќе се одбегне дуализмот и прецизно ќе се лоцира одговорноста во менаџирањето на институциите. Исто така, на овој начин се исполнува уште едно ветување од програмата на Владата, се наведува во соопштението. бд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан