• понеделник, 23 декември 2024

Владата ги задолжи МЖСПП и МФ да обезбедат средства за колекторскиот систем од Радожда до Калишта

Владата ги задолжи МЖСПП и МФ да обезбедат средства за колекторскиот систем од Радожда до Калишта
Скопје, 9 февруари 2021 (МИА) - Во насока на определбата за отстранување на сите ризици по Охридското Езеро и Охридскиот регион, Владата на денешната 44-та седница  ја разгледа и усвои Информацијата во врска со Проектот за колекторски систем од Радожда до Калишта – Струга и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Министерството за финансии (МФ) да обезбедат средства и да го вклучат овој проект како приоритетен за 2021 – 2022 година. Како што информираат од владината прес-служба, Владата денеска ја разгледа и го утврди текстот на Информацијата во врска со склучување на меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Србија, Советот на министри на Република Албанија и Владата на Република Северна Македонија за соработка за подобрување на увозот и транзитот на стоки и на Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан и го овласти премиерот да ги потпише меморандумот и договорот. На оваа седница, на предлог на Министерството за финансии, Владата го разгледа и прифати Извештајот за завршени преговори за склучување на Договор меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за поттикнување и заемна заштита на инвестиции и го определи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во име на Владата на Република Северна Македонија да го потпише овој Договор.вј/лв/

Остани поврзан