• сабота, 23 ноември 2024

Вкупно 114 санкции за брзо возење на територија на СВР Штип

Вкупно 114 санкции за брзо возење на територија на СВР Штип
Скопје, 4 март 2022 (МИА) - Во акциската контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната спроведена денеска на територија на СВР Штип санционирани се 114 возачи. Од нив 12 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.
Како што соопшти МВР, притоа 58 се во Штип, 18 во Свети Николе, 10 во Кочани... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР. мд/сст/
 

Остани поврзан