• четврток, 12 декември 2024

Вицепремиерот Фетаи оствари работна средба со претседателот на Врховната државна ревизија на Албанија

Вицепремиерот Фетаи оствари работна средба со претседателот на Врховната државна ревизија на Албанија

Скопје, 14 ноември 2024 (МИА) – Заменик претседателот на Владата задолжен на политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска, во рамки на посетата на Тирана остварил работна средба со претседателот на Врховната државна ревизија на Албанија, Арбен Шеху, соопштија од Кабинетот на вицепремиерот Фетаи.

Како што наведуваат во соопштението, Фетаи му се заблагодарил на Шеху за плодната средба и соработката на институциите на двете земји. 

– Шеху ја нагласува блиската и пријателска соработка со Државниот завод за ревизија во Република Северна Македонија во однос на размената на институционални искуства. 

Фетаи на средбата посочил дека основниот приоритет на Владата на Северна Македонија е интеграција во Европската унија. 

– Тој ги нагласи и другите приоритети од надлежност на неговиот ресор, како што се превенцијата и борбата против корупцијата, владеењето на правото, транспарентноста, конфискацијата на незаконски стекнатиот имот и соработка со граѓанскиот сектор. Соговорниците на средбата се договорија за продолжување на комуникацијата и соработката меѓу ревизорските институции од двете земји. Добродојдена е поддршката на Албанија во подготовката на законските прописи од областа на ревизијата, имајќи ги предвид позитивните искуства од Врховната државна ревизија во Албанија. 

Додаваат дека Шеху му понудил на вицепремиерот Фетаи можност за соработка со земјава за обука на нови ревизори, испраќајќи порака дека спречувањето на корупцијата е поважно од санкционирањето. ра/аа/

Фото: Кабинет на вицепремиерот Арбен Фетаи

 

Остани поврзан