• среда, 25 декември 2024

Вицепремиерот Маричиќ домаќин на министрите за Европа на Финска и Ирска 

Вицепремиерот Маричиќ домаќин на министрите за Европа на Финска и Ирска 

Скопје, 4 јули 2022 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе биде домаќин на неговите хомолози од Ирска и Финска, Томас Бирн и Тити Тупураинен со кои ќе оствари работна средба, по што ќе следува заедничка прес-конференција.

- Во фокусот на разговорите ќе биде пристапниот процес на Северна Македонија во Европската Унија, новиот француски предлог, дијалогот со Бугарија, како и унапредувањето на билатералната соработка и односите во регионот, соопшти Кабинетот на Маричиќ.

Во рамки на официјална посета на Скопје, ирскиот министер за европски прашања Томас Бирн и министерката за европски прашања на Финска, Тити Тупураинен ќе остварат средби и со претседателот на државата Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Бујар Османи, по што делегациите ја продолжуваат својата мини турнеја на Западен Балкан во соседна Албанија. мд/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан