• среда, 27 ноември 2024

Вицепремиерот Груби се огласи со извинување по објавите за запаленото возило во Чаир

Вицепремиерот Груби се огласи со извинување по објавите за запаленото возило во Чаир

Скопје, 22 јули 2023 (МИА) - Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија. Исто така, му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија, напиша првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби на неговиот профил на Фејсбук, откако беше објавено дека ноќеска е опожарено возило во Чаир.

Груби наведува дека „е во политиката за да служи и да остави трага со работа и дела, а не да му се тероризира семејството, соседите и пријателите“.

-Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да запрам и да престанам да работам и да ги исполнувам очекувањата на граѓаните. Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите. Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите.
Изразувам благодарност до сите мои соседи како и до безбедносните сили и нивните напори да го решат синоќешниот напад. Ви благодариме и на сите вас за големата поддршка!, стои во објавата на Груби. 

Претходно,  дел од медиумите објавија дека ноќеска бил опожарен автомобил на Груби, а од Министерството за внатрешни работи на прашање од МИА информираа дека има пријава за опожарено возило, но во сопственост на Б.Л. од Скопје.

- Околу 03.30 часот пријавено е дека на ул.„Струмичка" настанал пожар во патничко возило „ауди" со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л. (35) од Скопје, информираа од МВР. сх/лв/

Фото: Фејсбук/Артан Груби

Остани поврзан