Вицепремиерката Грковска се сретна со претставници на Трезорот на САД
- Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска оствари средба со делегација на Трезорот на САД, предводена од Шила Бекет, вршител на должност вонреден директ

Скопје, 22 септември 2022 (МИА) - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска оствари средба со делегација на Трезорот на САД, предводена од Шила Бекет, вршител на должност вонреден директор и виш советник за буџет и финансиска отчетност во оваа американска институција.
Како што информира владината прес-служба, Грковска упати благодарност за континуираната и цврста поддршка од страна на САД за остварување на евроатланските цели на нашата држава.
Вицепремиерката Грковска информираше за активностите на нејзиниот Кабинет, во делот на зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите, јакнење на принципите за добро владеење, обуките за интегритет за избраните и именувани функционери и проектите кои се реализираат во делот на дигиталната трансформација на општеството, со поддршка на Амбасадата на САД и Естонскиот центар за меѓународна соработка.

На средбата, како што се наведува во соопштението, стана збор и за продлабочување на соработката и нови проекти со Трезорот на САД, кои би биле насочени кон зајакнување на капацитетите во однос на интегритетот кај даночните и царинските службеници, како и во делот на антикорупциските политики. На состанокот вицепремиерката нагласи дека е многу важно да се изготват решенија кои ќе бидат долгорочни и одржливи и ќе обезбедат стандардизирани процеси во иднина.
- На состанокот беше потврдена определбата за продлабочување на меѓусебната соработка преку конкретни проекти кои ќе овозможат јакнење на демократските принципи и стандарди, во интерес на одговорно и отчетно владеење, стои во соопштението. мд/сп/