• вторник, 24 декември 2024

Високите критериуми на Меѓународната организација за стандардизација (ISO) во основата на бизнис стратегијата на „Брако“

Високите критериуми на Меѓународната организација за стандардизација (ISO) во основата на бизнис стратегијата на „Брако“
Скопје, 25 јануари 2022 (МИА) - Со имплементирањето на ISO стандардите во производствените процеси, со опсег на сертификација, развој и производство на жичани производи, производи од метал, медицински мебел, машини за чистење надворешни површини, „Брако“ директно одговара на високите критериуми и барања од Меѓународната организација за стандардизација (ISO), порачуваат од велешката компанија и додаваат дека ISO стандардите се основа на нивната бизнис стратегија. -Со имплементација на ISO9001:2015, ISO14001:2015 и ISO45001:2018, „Брако“ сигурно и долгорочно ги исполнува барањата и очекувањата на клиентите ширум светот, како и на сите заинтересирани страни. Сертификатите за релевантните стандарди се добиени врз основа на имплементираниот интегриран систем за управување со квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа. „Брако“ ефикасно ги спроведува, одржува и работи на нивно постојано подобрување. Во насока на подобрувања во оваа област последна активност се спроведените обуки за тимот одговорен за квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа за интерни проверувачи за стандардот ISO45001. Исто така, обуки за имплементација и работење според ISO45001 добија и членовите на комитетот за БЗР на „Брако“, велат од Одделот за квалитет на компанијата. Со овие ефективни алатки за поддршка на развојните цели на компанијата, конкретно, со воспоставувањето на системот за управување со квалитет во компанијата, посочуваат, се утврдени влезните елементи во процесите и производите, почнувајќи од фазата на проектирање и развој, вклучувајќи производство, контрола, маркетинг и продажба. -И токму во основата на економскиот натпревар од страна на компанијата, освен инвестициите во најсовремена технологија, технолошки иновации, брзата реакција на промените наложени како од пазарот, така и од конкуренцијата, се и овие воспоставени принципи на управување со квалитетот. Тие влијаат и врз растот на продажбата, подобрувањето на конкурентската позиција и ефикасноста на продуктивноста, велат од компанијата. Нагласуваат дека ISO 9001 се заснова на голем број принципи за управување со квалитет, вклучувајќи силен фокус на клиентите, мотивација и посветеност на врвниот менаџмент, процесен пристап и постојано подобрување. ISO 14001:2015 ги специфицира барањата за систем за управување со животната средина што една компанија може да ги користи за да ги подобри своите еколошки перформанси. -Со имплементирањето на барањата на овој стандард „Брако“ на систематски начин управува со своите еколошки одговорности. Со воведувањето на ISO45001:2018 „Брако“ одговорно работи на можностите за подобрување на безбедноста на работните места преку идентификување на ризиците од специфичните работни процеси во однос на безбедноста и здравјето на вработените и имплементација на мерки за подобрување и заштита, како клучна цел и приоритет во управувањето, нагласуваат од компанијата.вј/са/

Остани поврзан