• сабота, 23 ноември 2024

Виолинистот Џулијан Рахлин со Македонската филхармонија ќе го отворат годинашното 64. „Охридско лето“

Виолинистот Џулијан  Рахлин со Македонската филхармонија ќе го отворат годинашното 64. „Охридско лето“

Охрид, 5 јуни 2024 (МИА) – Светски познатиот уметник од Литванија, Џулијан Рахлин, еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти, заедно со оркестарот на  Македонската филхармонија ќе го отвори годинешното 64. Издание на најголемата и најпрестижна културно-сценска манифестација во земјата – Фестивалот „Охридско лето“.

Како што беше итакнато на денешната прес-конференција на која беа презентирани деталите од фестивалската програма, рахлин претсавува уметник кој ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрална интерпретација.

-И оваа година зачекоривме со голема возбуда, но и со стремеж да го зачуваме реномето на најпрестижна културно-сценска манифестација. Предизвикот да се биде домаќин на уште едно незаборавно издание на фестивалот „Охридско лето“ нѐ обврза да понудиме квалитет со кој на сцената по 64 -ти пат ќе одекне магијата на бројните светски  музички гласови и творечкиот дух на врвните театарски претстави, истакна директорката на манифестацијата, Наташа Поповиќ.

Таа посочи дека вработените во Фестивалот се целосно и професионално посветени на сценско-техничката подготовка со што ќе биде овозможена беспрекорна реализација на претстојното „Охридско лето“.

-Ве уверувам дека и оваа година, на ова 64-то фестивалско издание, ќе го направиме престојот на уметниците беспрекорен, а сликата што ја оставаме величенствена и достојна за Фестивал кој е ширум познат по културните вредности кои ги поседува. Најважно од сè, ќе создадеме вредност во која ќе уживаат сите љубители наметноста во текот на 40-те фестивалски вечери, рече таа.

Од 12 јули до 20 август на отворените сцени на Антички театар, Долни Сарај, Предворјето на црквата „Св Софија“, како и самата црква „Св Софија“ и Центарот за култура ќе продефилираат и настапат над 500 уметници од 24 земји, а вљубениците во класичната уметност ќе имаат прилика да уживаат во 27 концерти, шест театарски претстави и три настани во дополнителната програма.

Селекторката на музичката програма, маестра Бисера Чадловска, изрази задоволство што на отворањето заедно со маестро Рахлин на Античкиот театар ќе настапат уметниците од Македонската филхармонија која оваа година го одбележува 80 години од постоењето.

-Не очекуваат голем број настани, со бројни домашни узведувачи, кои воопѓто не заостануват во квалитетот зад светските музички имиња. Меѓу нив пијано дуото Марија Ѓошевска и Славица Мицовска, Влатко Стефановски на гитара кој одбележува 50 години солистичка кариера, потоа традиционалниот концерт на Камерниот оркестар на музичката младина, . Има и два концерт постветени на макеоднските композитори, Томислав Зографски и Стојче Тошевски, како и на Гоце Коларовски, рече Чадловска.

Од странските уметници во музичката програма ќе ги видиме и чуеме гитристот Герхард Рајнбах, пијанистот Гери Даглас, виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки со пијанистот Андреј Гугнин, Доминик Вагнер на контрабас...Тука е и концертот на Црногорскиот симфониски оркестар, Адријатик пијано квинтетот, триото „Халир“ и многу други. Последниот ден од музичката програма е резервиран за врвната белгиска виолончелистка Ками Тома, во пијано придружба на пијанистот Жулиен Брокал.

На роденденскиот концерт на фестивалот ќе настапи салса бендот „Меркадонегро“, како концерт што ќе ги разбие класичните концертни содржини.

Селекторката на драмската програма на „Охридско лето Сања Арсовска за престојното фестивалско издание најави разновидна театарска авантура, со разноликост во столовите, форматите, естетитеката, драматургијата, со најголема застапеност на женските ликови.

-Она што ќе ја одбележи овогодинешната програма се трите театарски премиери – на домашните театари од Велес и Битола со претставите „Рацин“ и „Галеб“, како и светската премиера на „Кралот Лир“ на Лит Мун Ворлд театарот од Санта Барбара, Калифорнија, појасни таа.

Арсовска уште ги најави театарските изведби на Совенечкото гледалишче од Марибор со „Безгрешна“ во режија на познатиот Томаж Пандур и неговата сестра која ја завршува претставата по неговата смрт,  потоа стенд-ап шоуто со познатиот српски и интернационален актер Никола Ѓуричко, „Лет над кукавичиното гнездо“ со Драмскиот театар од Белград и „Алиса во земјата на стравовите“ со Југословенското драмско позориште исто така од Белград.

На прес-конференцијата уште беше истакнато дека Фестивалот „Охридско лето“  како дел од Европската фестивалска асоцијација ќе продолжи да ги негува високите културни вредности за да го задржи епитетот на високо реномиран европски фестивал. аб/дма/

фото: МИА

 

Остани поврзан