• вторник, 24 декември 2024

Вилијамс: Одбив понуди од многу клубови, среќен сум во Атлетик

Вилијамс: Одбив понуди од многу клубови, среќен сум во Атлетик

Билбао, 1 септември 2024 (МИА) - Фудбалерот на Атлетико и шпански репрезентативец Нико Вилијамс изјави дека во летниот преоден рок одбил понуди од бројни клубови бидејќи е среќен во тимот од Билбао.

Вилијамс (22) е член на Атлетик од 2020 година, а за првиот тим на овој клуб одигра 124 натпревари и постигна 20 голови.

Во јули со селекцијата на Шпанија триумфираше на Европското првенство кое се одржа во Германија.

-Имаше понуди од бројни клубови, мојот менаџер ги разгледуваше. Моето срце е со Атлетик. Имам договор, но кој знае што ќе се случи во иднина. Сакав да останам овде, бидејќи најмногу се радувам на натпреварите во Лига Европа во дресот на мојот клуб“, изјави Вилијамс.

Тој има договор со Атлетико до 30 јуни 2027 година.

-Убаво е да знаеш дека големите клубови имаат интерес за тебе. Сепак, на сите им кажав дека сакам да останам овде. Атлетик, тоа посебно чувство, не можеш да го добиеш во други клубови. Среќен сум што ќе му помогнам на клубот, заклучи шпанскиот репрезентативец.

Атлетик во Лигата на Европа ќе игра против Рома, АЗ Алкмар, Славија, Лудогорец, Елфсборг, Фенербахче, Бешикташ и Викторија Плзен. дс

Фото: Архива

Остани поврзан