• петок, 05 декември 2025

Викендов 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење

Викендов 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење

Скопје, 28 јули 2025 (МИА) - Викендов во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1148 издадени платни налози, 128 прекршоци се однесуваат на возачи кои учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Кај 115 возачи при извршен алкотест било утврдено недозволено количество алкохол и тие се исклучени од сообраќај, додека 46 возачи на моторцикли се санкционирани заради неносење заштитен шлем. 

Како што информира МВР, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 458 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 175 за недозволено паркирање, додека прекршочно се казнети уште 28 лица кои некористеле сигурносен појас. Вкупно 17 лица се казнети поради користење мобилен телефон при возење, тројца возачи минале на црвено светло, а прекршочни санкции добиле и двајца пешаци и тројца возачи на електричен тротинет. 

Согласно Законот за возила, 31 возило било отстрането поради тоа што биле нерегистрирани, а три возила се исклучени поради техничка неисправност.   

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението од МВР. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан