• вторник, 19 ноември 2024

Викендов почнува новата сезона во македонскиот прволигашки фудбал

Викендов почнува новата сезона во македонскиот прволигашки фудбал

Скопје, 4 август 2023 (МИА) – Новата, 31. сезона по ред, во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) официјално ќе стартува в недела со пет натпревари од воведното коло кое ќе биде комплетирано в понеделник.

Фудбалерите на Струга ја почнуваат одбраната на шампионската титула на домашен терен против новиот прволигаш Гостивар, додека најтрофејниот македонски клуб Вардар по двегодишна пауза се враќа во елитата со гостување кај новобрендираниот прволигаш Брера Струмица.

Штипска Брегалница го пречекува Силекс, Тиквеш во Кавадарци ќе биде домаќин на Македонија ѓорче Петров, додека дебитантскиот настап во ПМФЛ фудбалерите на Воска ќе го имаат на домашен терен во Охрид против Шкендија.

Во завршниот натпревар од премиерното коло, скопски Работнички в недела ќе му биде домаќин на градскиот ривал Шкупи.

Сите натпревари започнуваат во 17 часот. ег/

ФОТО: ФК Работнички/Фејсбук

Остани поврзан