• недела, 28 јули 2024

Видеолотарија со поддршка за кикбоксерот Илиоски

Видеолотарија со поддршка за кикбоксерот Илиоски
Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) - Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија го поддржа македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски кој изминатиот викенд освои златен медал на Европското првенство во Турција. - Видеолотарија Касинос Австрија го препозна потенцијалот на Бобан Илиоски, одлучувајќи да му ја даде потребната доверба и поддршка. Под слоганот „Играј со најдобрите“, застанавме зад неговиот клуб Кик Бокс Клуб Шампион, придонесувајќи Илиоски да ги реализира своите спортски амбиции. Тој успеа да стигне до титулата европски шампион во кик бокс, соопштија од компанијата. Од Видеолотарија уште еднаш посочуваат дека и натаму остануваат на патот за промовирање и поддржување на македонскиот спорот. зс/

Остани поврзан