Вечерна Богослужба и Литија утре во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје
- Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, утре (20 септемри) со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородич

Скопје, 19 септември 2022 (МИА) - Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, утре (20 септемри) со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во Центарот на Скопје.
Вечерната молитва ќе биде проследена со Литија околу централното градско подрачје.
Македонската православна црква - Охридска Архиепископија ги поканува сите верници и граѓани да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата.
На 21 септември православните верници го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица. ев/са/
