• сабота, 06 декември 2025

Вечерва ќе бидат доделени наградите во повеќе категории за МТФ „Денови на комедија“ Куманово

Вечерва ќе бидат доделени наградите во повеќе категории за МТФ „Денови на комедија“ Куманово

Куманово, 10 октомври 2025 (МИА) - Жирито на 28-то издание на меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ за најдобра ја прогласи преставата „Бог на колежот“ во изведба на Македонски народен театар – Скопје. Наградата за најдобра режија и припадна на Бојка Велкова за претстава „Постојаната сопруга“ од сатиричен театар „Алеко Константинов“ Софија, Бугарија.

Жирито одлучи на актерката Рада Каирјакова од овој театар да ѝ припадне наградата за најдобра актерка. За најдобар актер, жирито го прогласи Горѓи Јолески од претставата „Бог на колежот“ од Македонски народен театар. Никица Јанковски од кумановскиот театар кој игра во комедијата „Разбуди се Тина“ ја освои наградата за млад актер. За најдобра женска споредна улога е прогласена Јасмина Вучкова од претставата „Петок 13“ од Народниот театар Струмица, додека за најдобра споредна машка улога наградата ја освои Благојчо Стојанов кој игра во претстава „Госпоѓа Министерка“ од велешкиот театар.

И годинава се доделени награди за најдобра сценографија на Нина Пашова од софискиот театар и за костимографија на Мирјана Живковиќ од претставата „Покондирена тиква“ од Пирот Србија.

Жирито го сочинуваат претседателот Александар Ивановски и членовите Дубравка Киселички, Петар Андоновски, Гергана Трајкова и Стефан Јакимовски.

Наградите ќе бидат врачени вечерва пред изведбата на првата реприза на „Разбуди се Тина“ со почеток во 20 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“. ам/дма/


Фото: НУЦК „Трајко Прокопиев“

Остани поврзан