• вторник, 24 декември 2024

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

 

Лондон, 6 мај 2024 (МИА) – Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе го напушти тимот на крајот од актуелната сезона, објави вечерва лондонскиот клуб на својот официјален сајт.

Неговиот договор со клубот истекува на лето, а според информациите, заминувањето на 61-годишниот Шкотланѓанец е резултат на меѓусебен договор.

Мојс е на чело на Вест Хем од декември 2019 година. Во сезоната 2022/23, тимот ја освои Конференциската лига. Шпанецот Хулен Лопетеги е фаворит за наследник на Мојс. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан