• понеделник, 23 декември 2024

Верстапен со поддршка за Сајнц по казната на ФИА

Верстапен со поддршка за Сајнц по казната на ФИА

Лондон, 24 септември 2024 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ја коментираше казната што Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) му ја изрече на возачот на Ферари, Карлос Сајнц.

- Карлос доби казна поради излегувањето на патеката, нели? Таму имаше црвено знаме. Знаете, мислам дека беше сосема безбедно и тој знаеше што прави. Ние не сме будали. Да, кога ќе видам дека и такви работи се земаат во предвид... Боже мој, таквите работи се едноставно супер глупави, ги цитира „GP Blog“ зборовите на Верстапен.

Шпанецот имаше несреќа за време на третата етапа од квалификациите, по што излезе од болидот и истрча преку патеката до боксот на неговиот тим, што е забрането со прописите на натпреварувањето. Половина од глобата (12,5 илјади евра) ќе биде условна доколку не се повтори престапот до крајот на годината. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан