• среда, 28 август 2024

Верстапен: Ред Бул треба да се подобри ако сакаме да ја зачуваме лидерската позиција

Верстапен: Ред Бул треба да се подобри ако сакаме да ја зачуваме лидерската позиција

Лондон, 17 јули 2024 (МИА) – Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен ја оцени позицијата на тимот пред неделната трка за Големата награда на Унгарија.

Холанѓанецот од тимто на Ред Бул се надева на добри перформанси и победа на „Хунгароринг“.

- Во последните неколку дена бев со тимот и работев многу на симулаторот како подготовка за претстојното унгарско Гран при. И завршивме одлична работа. Трката во Силверстоун се покажа како тешка за нас. Иако донесовме правилни одлуки, сепак треба многу да се подобриме ако сакаме да останеме лидери во вториот дел од сезоната. Имавме силна трка во Унгарија минатата година и имам одлични спомени. Впрочем, таму ја извојувавме дванаесеттата победа во низа. Се надевам дека оваа година ќе имаме силна трка и ќе постигнеме добар резултат, изјави Верстапен.

Во Генералниот пласман за возачи, Верстапен е водечки со 255 бодови, пред Ландо Норис од Мекларен кој има 171, Шарл Леклер од Ферари е трет со 150 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан