• петок, 26 јули 2024

„Веро Џамбо“ и неколку околни улици утре без вода

„Веро Џамбо“ и неколку околни улици утре без вода
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - Центарот за управување со кризи по известување на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, соопшти дека поради изведување водоводен приклучок на булевар „Кочо Рацин“ бр 3, објактот „Веро Џамбо“ и неколку околни улици во текот на утрешниот ден ќе имаат прекин на водоснабдување. - Од ЈП „Водовод и Канализација“ добивме известување дека на ден 20.05.2022 година (петок) поради изведување водоводен приклучок Ф 150 милиметри на булевар „Кочо Рацин“  број 3 прекинато водоснабдување ќе има дел од булеварот „Кочо Рацин“, улиците „Светозар Марковиќ“ и „Крушевска Република“ и „Веро Џамбо“, се вели во соопштението. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08.30 часот о ќе трае до завршување на работите. сх/сп/

Остани поврзан