Венус Вилијамс се повлече од ВТА 1000 турнирот во Индијан Велс
- Поранешната светска тенисерка број еден, Венус Вилијамс одби вајлд-карта за учество на ВТА 1000 турнирот во Индијан Велс, САД.
Индијан Велс, 24 февруари 2025 (МИА) - Поранешната светска тенисерка број еден, Венус Вилијамс одби вајлд-карта за учество на ВТА 1000 турнирот во Индијан Велс, САД.
- Не е точно дека ќе учествувам, изјави Венус за информацијата за нејзиното учество на турнирот во Индијан Велс.
Американката три пати стигна до полуфиналето на турнирот во Индијан Велс: во 1998, 2001 и 2018 година. Минатата година таа влезе на турнирот како вајлд-карта. зс/
Фото: ЕПА