Венгер за европската Суперлига: Премиер лигата е супериорна во однос на другите првенства, тие се обидуваат да ја уништат оваа предност
- Поранешниот главен тренер на Арсенал и актуелен шеф на секторот за глобален фудбалски развој на ФИФА, Арсен Венгер го сподели своето мислење за идејата за создавање на европска Суперлига.

Лондон, 29 октомври 2020 (МИА) - Поранешниот главен тренер на Арсенал и актуелен шеф на секторот за глобален фудбалски развој на ФИФА, Арсен Венгер го сподели своето мислење за идејата за создавање на европска Суперлига.
- Премиер лигата е супериорна во однос на другите лиги. Овие лиги се обидуваат да ја уништат предноста што ја има Премиер лигата.