Велика Британија издаде жолто предупредување за горештини
- Жолтото предупредување ќе биде во сила од четврток до крајот на неделата
![Велика Британија издаде жолто предупредување за горештини](https://mia.mk/index.php/images/20221113194000_big_730x400_68.webp )
Лондон, 9 август 2022 (МИА) - Британската метеоролошка служба денеска издаде жолто предупредување за екстремни горештини наредните денови во делови на Англија и на Велс.
Жолтото предупредување ќе биде во сила од четврток до крајот на неделата.
Топлотниот бран не попушта и предизвикува суша и пожари, соборувајќи ги температурните рекорди што ја погодуваат британската инфраструктура. бд/ми/