• вторник, 19 ноември 2024

Велигденски традиции во Белгија: Ѕвоната се враќаат дома 

Велигденски традиции во Белгија: Ѕвоната се враќаат дома 

Брисел, 31 март 2024 (МИА) – Чествувањето на велигденските празници со кои се слави воскресението на Исус Христос има заеднички карактеристики за сите христијански земји, како што се вапцањето јајца, постот на Велики петок кога не се јаде месо и производи од животинско потекло и одење на црковна служба в недела на Велигден, но секоја држава, па дури и регион имаат и свои специфични традиции.  

Единаесетмесечно бебе вратено од Кина во Белгија овој викенд треба да тргне во градинка оваа недела, но родителите на другите деца изразуваат загриженост и бараат мерки за заштита од властите

Кога е Белгија во прашање тоа е т.н. враќање на ѕвоната. Станува збор за чествување кое потекнува од стара легенда што датира од седмиот век, според која, на Велики четврток „исчезнуваат“ црковните ѕвона и „заминуваат“ во Рим за да ги благослови папата. Согласно оваа традиција, црковните камбани во Белгија не бијат од Велики четврток до Велигден.

Во Рим, ѕвоната „собираат“ јајца, кои на „враќањето дома“ ги расфрлаат низ градините и потоа на Велигден по нив трагаат децата.  За таа цел в недела наутро родителите низ своите дворови кријат јајца, ѕвончиња и фигури на кокошки и зајчиња, кои потоа ги бараат децата. Во многу делови на земјата се организира и групен „лов на јајца“ на јавни површини. 

Манифестациите поврзани со велигденските празници почнуваат 40 дена пред Велигден, кога ширум Белгија се организираат карневали и карневалски паради под мотото „savoir vivre“ (умеење како да се живее), кога последен се одржуваат прослави пред почетокот на постот. 

Чествувањето на самиот Велигден започнува со црковни литургии на Велики четврток кога на верниците им се делат леб и вино, како симболични гест на библиската традиција дека на Тајната вечера Исус на своите ученици им ги измил нозете и им поделил леб и вино. Литургиската одежда на свештениците на оваа миса е во бела бела. 

На Велики петок домовите и излозите на продавниците се украсуваат со велигденски симболи, како кокошки, зајачиња, панделки и сезонски цвеќиња.  

Истиот ден, за време на литургиските служби се читаат делови од Библијата за страдањето на Исус, а на крајот при напуштање на црквите, верниците допираат посебно поставен крст. Литургиската одежда на свештениците на великопеточната литургија е во црвена или црна боја.

На литургиите на Велика сабота на полноќ се прогласува Христовото воскресение, по што првпат по три дена се огласуваат црковните камбани, а од камбанариите се исфрлаат хартиени јајца што ги собираат децата. Едно од овие јајца е „златно“, па тој што ќе го пронајде добива награда. 

В недела, на Велигден, по „ловот на јајца“ и утринската Велигденска литургија, семејствата се собираат на велигденски ручек, кога по традиција се подготвува јагнешко месо, шунка, компири, колачи и сладок леб, а на децата им се делат подароци кои задолжително вклучуваат и велигденски јајца – вапцани или чоколадни. 

Чоколадните јајца, но и зајачиња, не претставуваат изненадување за Белгија, имајќи предвид дека земјата е еден од најпознатите светски производители на чоколадо. За велигденските јајца и зајачиња се подготвуваат и посебни филови од лешници, фстаци или марципан. Инаку, велигденските зајачиња и јајцата се сметаат за симболи на плодноста. 

Во Белгија, училиштата не работат седмицата пред и по Велигден, односно учениците се на двонеделен Велигденски распуст. Понеделникот, Втор ден Велигден, е државен празник во Белгија, но многу установи не работат ниту на Велики петок, иако официјално тој не е неработен ден. сп/бак/

Фото: МИА Архива/Интернет

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан