• сабота, 23 ноември 2024

Варуфакис го обвини Закербег дека му го украл името Мета

Варуфакис го обвини Закербег дека му го украл името Мета
Атина, 30 октомври 2021 (МИА) – По најавата на извршниот директор на Фејсбук дека компанијата го менува името во Мета, реагираше поранешниот министер за финансии во Владата на СИРИЗА и претседател на грчката партија МЕРА25 Јанис Варуфакис, кој преку Твитер го обвини Марк Закерберг дека новото име го позајмил од нивниот Центар за пост - капиталистичка цивилизација, што исто така се вика Мета, јави дописничката на МИА од Атина. Преку неколку твита на англиски и грчки јазик, Варуфакис му порача на Закерберг да ги „тргне рацете“ од нивната Мета.               -Закерберг штотуку ја „позајми“ нашата Мета (https://metacpc.org) за да го ребрендира Фејсбук. Претходно го „позајми“ името на нашето движење, DiEM (http://diem25.org) за да ја ребрендира неговата криптовалута Libra. Што е следно? (Барем нашата радикална агенда за експропријација на технолошките господари е безбедна!), напиша Варуфакис на „Твитер“, објавувајќи фотографија од знакот на нивниот центар Мета. ср/паг/  

Остани поврзан