• вторник, 24 декември 2024

Варан по потпишувањето за Комо: Ми се допаѓа филозофијата и страста за фудбалот на Фабрегас

Варан по потпишувањето за Комо: Ми се допаѓа филозофијата и страста за фудбалот на Фабрегас

Комо, 29 јули 2024 (МИА) - Новото засилување на Комо, Рафаел Варан, ги сподели своите размислувања за неговата претстојна работа со главниот тренер Сеск Фабрегас.

-Повторно ќе се сретнам со Сеск, овојпат не како противник. Ми се допаѓа неговата филозофија и страст за фудбалот. Лесно се согласувавме за време на преговорите, па се надевам дека ќе бидеме успешни во нашата заедничка работа, изјави Варан, цитиран од официјалниот сајт на Комо.

Клубот вчера го објави трансферот на 31-годишниот Французин. Фудбалерот потпиша двегодишен договор со Комо.

Варан претходно настапуваше за Манчестер Јунајтед од 2021 година. За „црвените ѓаволи“ одигра 95 натпревари, постигнувајќи 2 гола и 1 асистенција. Пред тоа ги носеше дресовите на Реал Мадрид и Ленс.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува неговата пазарна вредност на 20 милиони евра. дс

Фото: Фејсбук/Комо

Остани поврзан