Валентино Роси ќе ја вози 20. сезона во Мото ГП
- Еден од најуспешните мотоциклисти во историјата, Валентино Роси потпиша со тимот на Петронас СРТ Јамаха за сезоната 2021 година, според официјалната веб-страница на Мото ГП.
![Валентино Роси ќе ја вози 20. сезона во Мото ГП](https://mia.mk/index.php/images/20221104213036_big_730x400_88.webp )
Рим, 1 октомври 2020 (МИА) - Еден од најуспешните мотоциклисти во историјата, Валентино Роси потпиша со тимот на Петронас СРТ Јамаха за сезоната 2021 година, според официјалната веб-страница на Мото ГП.
Така, сезоната-2021 година ќе биде 20-та за 41-годишниот Италијанец во „кралската класа“.
Роси е седумкратен елитен шампион во мото ГП. зс/