• сабота, 23 ноември 2024

Валентина Тасева од „Семос“ избрана за креативна претприемачка на Западен Балкан

Валентина Тасева од „Семос“ избрана за креативна претприемачка на Западен Балкан
Тирана, 11 март 2022 (МИА) - Советот за регионална соработка (РЦЦ) денеска во Тирана организираше избор на жени преприемачки на Западен Балкан за 2021 година во шест категории и воедно ја промовираше првата Регионална мрежа на жени претприемачки во регионот. Меѓу лауреатите беше и Валентина Тасева, сопственичка на фирмата „Семос Едукејшн“ која беше избрана за „креативна претприемачка“. Другите наградени претприемачки се Аида Зубевиќ, сопственичка на „Фаведа“ од БиХ, Драгана Чалија, сопственчка на „Сент Ди“ од Србија, Пакизе Пајазитај, сопственичка на „Крафт бизнис“ од Црна Гора и Арта Шеху Заими, сопственичка на „Лабокс“ од Косово. - Жените на Западниот Балкан претставуваат половина од човечкиот потенцијал на регионот, а сепак една од две жени не се на пазарот на трудот. Меѓу младите, дури 38 отсто жени не се вработени. Жените се сопственички на само еден од четири стопански субјекти на Западен Балкан, а само на една од девет челни позиции во компаниите се наоѓа жена, изјави генералната секретарка на РЦЦ, Мајлинда Брегу во обраќањето на конференцијата. Брегу додаде дека токму поради ваквите родови разлики од кои се губат дури 18 отсто од БДП на Западниот Балкан, е формирана Регионалната мрежа на жени претприемачки. Главната цел на регионалната мрежа ќе биде унапредување на партнерствата помеѓу жените претприемнички, како и да се развива дискусија за создавање на инклузивно опкружување и да се детектираат различните предизвици и потреби на жените претприемнички. Мрежата е продолжување и развивање на иницијативата НИЕ - што е покрената од РСС пред три години, со цел зацврстување на моќта на жените претприемнички на Западен Балкан и е дел од проектот за Заеднички економски пазар. сп/

Остани поврзан