• среда, 25 декември 2024

Валас: Москва да го почитува меѓународниот воздушен простор

Валас: Москва да го почитува меѓународниот воздушен простор

Лондон, 15 март 2023 (МИА) - Британскиот министер за одбрана Бен Валас, во реакцијата  на инцидентот над Црното Море, ја повика Москва да го почитува меѓународниот воздушен простор.

-Клучната работа овде е дека сите вклучени страни треба да го почитуваат меѓународниот воздушен простор и ги повикуваме Русите да го сторат тоа, изјави Валас за Ројтерс на саемот за одбрана DSEI од Токио.

Валас додаде дека „Американците сметаат дека станува збор за непрофесионален чин“.

Вчерашниот инцидент над Црно Море е првиот физички контакт меѓу руски борбен авион и американски воен дрон од почетокот на војната во Украина пред повеќе од една година.

Русија, преку својот амбасадор во Вашингтон, соопшти дека инцидентот го смета за „провокација“. сд/

Остани поврзан