• понеделник, 16 декември 2024

ВАДА: Сè уште веруваме дека Синер треба да биде казнет

ВАДА: Сè уште веруваме дека Синер треба да биде казнет

Рим, 15 декември 2024 (МИА) - Затишје во случајот со двата позитивни допинг-теста на Јаник Синер. Одлуката на Судот за спортска арбитража (КАС) по жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) е одложена за после февруари, но тоа не значи дека ќе биде прикриена.

При носењето на првата одлука беше пресудено дека тоа не е одговорност на Синер, потсетува Оливие Нигли, директор на ВАДА, дека првата казна е донесена врз основа на изјавата на самиот Италијанец дека забранетата материја влегла во неговото тело преку одговорност на неговиот физиотерапевт.  

-Но нашиот став е поинаков. Сметаме дека одговорноста на играчот важи и за луѓето околу него. Затоа нашиот апел до КАС се потпира на оваа работа. Не оспоруваме дека е можно да имало контаминација, но сметаме дека бавното водење на постапката не било во согласност со законот, истакна тој.

Нигли се согласува дека името на спортист, како што е Јаник Синер, не смее да биде изложено на злоупотреба.

- Јас лично мислам дека заштитата на угледот на спортистот е наша прва грижа. Живееме во светот на социјалните мрежи и сечиј углед може да биде уништен за многу кратко време – ја пренесува неговата изјава „Еуроспорт“.

ВАДА побара суспензија на Синер од една до две години. дс

Фото: Архива

Остани поврзан