• сабота, 23 ноември 2024

Бунтовниците во Мали зазедоа уште една воена база на северот на земјата

Бунтовниците во Мали зазедоа уште една воена база на северот на земјата

Бaмако, 2 октомври 2023 година (МИА) - Бунтовниците Туарег во Мали денеска објавија дека зазеле уште една воена база на север, додека борбите во таа земја се интензивираат.

Портпаролот на бунтовниците Атаја Аг Мохамад рече дека нивното заземање на базата е дел од пошироката стратегија за слабеење на армијата на Мали.

Тој изјави дека бунтовниците заплениле 11 возила. - Преземањето на Бамба имаше за цел да ја лиши малиската армија од базата во која ќе се повлече додека се обидува да напредува кон упориштето Туарег на север, додаде тој.

Владејачката хунта во Мали не потврди дека ја изгубила контролата врз базата, но рече дека имало интензивни борби меѓу нив и „терористите“ во градот Бамба и дека подоцна ќе објави повеќе детали.

Тоа е четврта воена база заземена од бунтовниците од август, по оние во Бурем, Лере и Дура. Бунтовниците рекоа дека се подготвуваат за одмазда од страна на војската. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан