• среда, 27 ноември 2024

Бројот на загинати во поплавите во Бразил се искачи на 100, а 128 лица се водат како исчезнати

Бројот на загинати во поплавите во Бразил се искачи на 100, а 128 лица се водат како исчезнати

Бразилија, 8 мај 2024 (МИА) - Бројот на загинатите во поплавите во бразилската држава Рио Гранде до Сул се искачи на 100, соопшти денеска државната управа за цивилна одбрана.

Спасувачките служни информираа дека 128 лица се водат како исчезнати.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва во вторникот побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба откако поплавите погодија повеќе од две третини од речиси 500 градови во земјата, поради што раселени се околу 150.000 луѓе. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан