• среда, 27 ноември 2024

Британија ќе соработува со Белгија, Бугарија и Србија во борбата против шверцот на луѓе

Британија ќе соработува со Белгија, Бугарија и Србија во борбата против шверцот на луѓе

Лондон, 5 октомври 2023 (МИА) - Премиерот на Велика Британија, Риши Сунак денеска ќе преговара за соработка со Белгија, Бугарија и Србија во борбата против организираниот криминал кој е поврзан со илегалната миграција.

На Самитот на Европската политичка унија (ЕПЗ) во Гранада, Сунак ќе повика на координирана акција за решавање на зголемената илегална миграција во Европа, соопшти неговиот Кабинет.

-Бројот на илегални миграции во Европа е најголем во последните десет години. Со илјадници луѓе кои умираат на море, охрабрени од шверцерите, ситуацијата е и неморална и неодржлива...Не можеме да дозволиме криминалните групи да одлучуваат кој доаѓа на бреговите на Европа, рече Сунак во изјавата пред состанокот.

Сунак ќе претседава со состанокот со италијанскaтa премиерка Џорџa Мелони на маргините на самитот на ЕПЗ, на кој ќе се разговара за заедничка акција во борбата против илегалната миграција и организираниот криминал. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан