• сабота, 21 февруари 2026

Бразилците бараат од ФИФА и УЕФА строги казни за случајот Винисиус

Бразилците бараат од ФИФА и УЕФА строги казни за случајот Винисиус

 

Рио де Женеиро, 20 февруари 2026 (МИА) – Фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ) побара денеска од ФИФА и УЕФА строго да ги казнат инволвираните во случајот на расизам против фудбалерот на мадридски Реал, Винисиус.

Во писмото се бара од ФИФА и од УЕФА да го истражат случајот и да преземат сите потребни мерки за да ги идентификуваат и казнат одговорните за расистичките изјави.

Натпреварот во Лисабон против Бенфика од нокаут фазата во Лигата на шампиони, кој Реал Мадрид го доби со 1-0, беше прекинат десет минути откако бразилскиот напаѓач Винисиус му се пожали на францускиот судија Франсоа Летесие дека аргентинскиот играч Џанлука Престијани го нарекол мајмун.

Винисиус првично одби да го продолжи натпреварот, но страстите некако се смирија и дуелот продолжи без какви и да е санкции.

УЕФА веќе го истражува инцидентот, а Престијани ги негира обвинувањата.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан