Босна го откажа пријателскиот натпревар со Русија
- Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина го откажа пријателскиот натпревар со селекцијата на Русија, ова е објавено на официјалната веб-страница на организацијата.

Сараево, 31 октомври 2022 (МИА) - Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина го откажа пријателскиот натпревар со селекцијата на Русија, ова е објавено на официјалната веб-страница на организацијата.
Претседателот на босанската федерација Вико Жељковиќ изјави дека натпреварот ќе биде одложен на неодредено време.
Натпреварот Русија - Босна беше закажан за 19 ноември во Санкт Петербург. Сепак, голем број босански фудбалери се спротивставија на играта со рускиот тим.
На крајот на февруари, Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) одлучија да ги отстранат од сите натпреварувања под нивно покровителство руските тимови и репрезентации во сите категории. зс/